Лара, Ирина и Јован пристигнаа во Ереван, Ерменија.
Нашите претставници присуствуваа на отворањето на детската Евровизија и гордо го вееја македонското знаме. Музичкото трио беше облечено во комбинации со бели јакни.
Лара, која е ќерка на Симон Трпчески, сподели фотографии и видеа од настанот.
Лара, Ирина и Јован ќе настапат со песната „Животот е пред мене“ (My Life Ahead of Me) на сцената на Јуниорската Евровизија која ќе се одржи на 11 декември (недела).