Лара Трпческа испрати важна порака со изведбата на „За овој свет“ од Тоше Проески.
Ќерката на пијанистот Симон Трпчески ја отпеа песната придружувана од детски и младински хор.
„Моја долгоочекувана желба, откако почна катастрофата на човештвото пред 2 години (корона пандемијата што се’ уште не е стопирана...), со мојата ќерка и колегите од МАКЕДОНИСИМО, во форма на музичка порака од децата и младината – до децата, младината и најважно – возрасните, за мудрост преку која ќе процвета подобар свет!“ – напиша Симон на Facebook.
„Уживајте во уште еднаш испеаната „За овој свет“ – песната што ни припаѓа на сите!“ – додаде тој.
Лара заедно со Ирина Давидовска ќе нè претставува на детската Евровизија 2022.