Ненад Димитријевиќ има важен повод за славење.
26-годишниот македонски кошаркар го прослави вториот роденден на синчето Матео. Тој сподели албум со фотографии на Instagram и напиша:
„Нашето големо момче наполни 2. Наша среќа, наша радост, наш живот. Тато и мама те сакаат“.
Нено стапи во брак со сопругата Елена во летото 2022 година, а во ноември се роди Матео.
Ненад е еден од најдобрите наши кошаркари. Оваа сезона тој игра за клубот Олимпија Милано, а во македонската репрезентација е на позицијата плејмејкер.