Наталија Водјанова се омажи со Антоан Арно.
38-годишниот модел и 43-годишниот милијардер ја крунисаа нивната љубовна врска во брак на интимна церемонија во Париз. За нејзиниот специјален ден, убавата Русинка избра невообичаена креација од колекцијата висока мода есен/зима 2020 на дизајнерката Улјана Сергеенко.
Парот објави дека се вери на Нова година. Нивната свадба требаше да се одржи на 27 јуни, но пандемијата им ги промени плановите за голема веселба.
На 1 јануари, Водјанова сподели фотографија на која позира со дијамантскиот прстен.
Наталија и Антоан се во врска од 2011 година и заедно имаат два сина. Познатата манекенка има уште три деца од претходниот брак со Џастин Портман.