Претставувањето на колекцијата на Балман, за пролет/лето 2018, беше навистина емотивен спектакл на Париската недела на модата. Покрај епското повторно враќање на супермоделите од 90-тите на шоуто на Версаче, љубителите на модата беа повторно пријатно изненадени од изборот на модели кои дефилираа на шоуто на Балман. Дизајнерот Оливие Рустан ја израдува публиката со повеќе супермодели и ангели на Victoria’s Secret, чија појава на модната писта ги потсети гледачите на почетокот на 21 век и времето кога започна славата на овие модели.
Шоуто го отвори Наталија Водјанова, а веднаш по неа дефилираа Наташа Поли, Каролина Куркова, Ана Селезнева, Касиа Штрус, како и ангелите Елса Хоск, Алесандра Амбросио, Марта Хант и Жозефин Скривер. На ревијата дефилираа и Саша Лус, Џоан Смолс, Кенди Бруна и Џордан Дан.
На забавата што следеше како дел од модното шоу на Балман, исто така се појавија многу ѕвезди, меѓу кои Вини Харлоу, Памела Андерсон, Хејли Болдвин, Тилан Блондо и многу други.
Погледнете ги комбинациите на моделите и славните ѕвезди на забавата на Балман: