Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Само 3 недели по раѓањето на петтото дете, Наталија Водјанова на ревијата на Живанши

ФОТО: Само 3 недели по раѓањето на петтото дете, Наталија Водјанова на ревијата на Живанши

Наталија Водјанова се врати во одлична форма по раѓањето на своето петто дете. 34-годишната Русинка дефилираше на ревијата на Живанши во Париз и привлече река од комплименти за својот изглед само 21 ден по породувањето.

Познатиот модел и филантроп му посака добредојде на синчето Роман на 5 јуни и по кратко време се врати на модната сцена да си ги исполнува должностите.

На машката ревија на француската модна куќа, која се одржа во рамките на Париската недела на модата, беше презентираната и мала колекција висока мода за жени есен/зима 2016.

Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова

Водјанова неретко стои на листите со најплатени модели според Forbes и е основач на фондацијата „Naked Heart“.

Таа има три деца со поранешниот сопруг Џастин Портман, од кого се разведе во 2011 година по десет години брачен живот. Подоцна, Наталија започна да се состанува со Антоан Арно со кого има две деца – 2-годишниот син Максим и новородениот син Роман.

Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова Наталија Водјанова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20832 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.