Ева Лонгорија ги стави на пауза професионалните ангажмани за да се релаксира на плажа со сопругот Хозе Пепе Бастон и синчето Сантијаго.
49-годишната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ беше фотографирана со 56-годишниот продуцент и нивното 6-годишно синче на плажа во Марбеља, Шпанија. Ева, која наближува кон шестата деценија од животот, изгледаше атрактивно во црвени бикини и шешир.
Семејството минатата година се пресели од Лос Анџелес во Шпанија откако си купи ново живеалиште во Марбеља.
Ева и Хозе Пепе стапија во брак во мај 2016 година во Мексико. Нивниот син се роди во јуни 2018 година.