Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На 58 години Брус Вилис го очекува своето петто дете

На 58 години Брус Вилис го очекува своето петто дете

Брус Вилис и неговата сопруга Ема Хеминг го прошируваат семејството. 58-годишниот актер и 35-годишниот модел го очекуваат своето второ заедничко дете.

Брус Вилис и Ема Хеминг

Неодамна среќниот пар беше фотографиран на пазар во Лос Анџелес, а на фотографиите се гледа заобленото стомаче на Ема.

Ема Хеминг Брус Вилис и Ема Хеминг

Брус и Ема стапија во брак во 2009 година. Во април минатата година ја добија ќеркичката Мејбел Реј Вилис.

Во неколку наврати Брус отворено зборуваше колку многу е среќен во вториот брак. „Би сакал да имам уште илјада деца или уште нула деца. Не е важно. Ема прави да се чувствувам одлично. Пред да ја запознам Ема бев голем песимист дека ќе ја пронајдам таа специјална жена со која би го поминал остатокот од животот“ – изјавил тој.

Брус Вилис има три ќерки со Деми Мур – Румер (25), Скаут (22) и Талула (19).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.