Децата на славните со леснотија влегуваат во светот на модата. Кога имаш само 13 години, насловната страница на „Вог“ е само сон, освен ако немаш славен родител.
Лајла Грејс ја доби првата корица на италијанското издание на модната библија „Вог“. За фотосесијата со реномираниот фотограф Марио Соренти, Грејс позираше рамо до рамо со својата мајка, супермоделот Кејт Мос.





Пред три месеци, 14-годишната ќерка на Синди Крафорд за првпат се најде на корицата на „Вог“.
