Моника Белучи е дефиниција за убавина и пример како да се прифаќа возраста достоинствено.
Славната Италијанка присуствуваше на настан за новинарите во рамките на филмски фестивал во Монте Карло, а фотографиите инстантно привлекоа бран комплименти.
52-годишната дама самоуверено позираше во црна облека и ефектен долг мантил.






Белучи уште еднаш потенцираше дека го обожава природниот изглед и дека не ѝ смета да ги гледа на лицето првите знаци на стареење. „Воопшто не ми смета да се видам на екранот со повеќе брчки, а тоа го менува начинот на кој луѓето гледаат на актерките. Желбата за снимање продолжува и сега сме застапени во филмската индустрија од сите возрасти, за разлика од претходно кога кариерата завршуваше на 40 години. Земете ја за пример Изабел Ипер, номинирана за Оскар за филм во кој покажува силна сензуалност“ – рекла таа.
