Моника Белучи беше кралица на затворањето на 70-тото издание на Канскиот филмски фестивал.
На гламурозната церемонија, убавата Италијанка изгледаше како сирена во фустан од нејзините добри пријатели Доменико Долче и Стефано Габана. Впечатливиот стајлинг таа го надополни со накит од Cartier.













Белучи годинава ја имаше улогата на домаќинка на реномираниот фестивал.
Наградата „Златна палма“ ја освои шведскиот филм „The Square“ на режисерот Рубен Остлунд.
