Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Моника Белучи и Леа Сејду елегантни дами на црвениот тепих на BAFTA 2015

Моника Белучи и Леа Сејду елегантни дами на црвениот тепих на BAFTA 2015

Моника Белучи и Леа Сејду со класична елеганција мамеа погледи на црвениот тепих на BAFTA 2015.

Новите „Бонд девојки“, кои пред два месеца ги добија главните женски улоги во новиот филм за Џејмс Бонд „Spectre“, имаа задача за време на манифестацијата да им ја доделат наградата на победниците во категоријата Најдобра шминка и фризура.

Моника Белучи и Леа Сејду Моника Белучи и Леа Сејду

50-годишната Белучи за свечениот настан избра црн фустан со долги ракави од Азедин Алаја. Модниот избор на италијанската дива беше изненадување, бидејќи таа речиси секогаш е облечена во креации од нејзините пријатели Долче и Габана.

Моника Белучи

29-годишната Сејду носеше жолта креација од Прада со отсечоци на половината.

Леа Сејду

Елегантното дуо призна дека не смее да открива детали за снимањето на филмот „Spectre“, чија премиера е закажана за 6 ноември 2015 година. Режисер на филмот е Сем Мендез, додека главната машка улога му припаѓа на Даниел Крег.

Моника Белучи и Леа Сејду Моника Белучи и Леа Сејду Моника Белучи и Леа Сејду Моника Белучи Леа Сејду Моника Белучи и Леа Сејду Моника Белучи и Леа Сејду

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.