„Сензуална, гламурозна, мистериозна, фасцинантна, шармантна...“ – со овие зборови списанието „Madame Figaro“ ја опишува Моника Белучи.
Атрактивната Италијанка стана русокоса за фотосесијата инспирирана од Мерилин Монро.


На фотографиите кои ги потпишува Елен фон Унверт, Белучи заведува во креации од Chanel, Lanvin, Dior и Dolce & Gabbana.
„Не треба да бидеме сведени на сексуални објекти само заради тоа што се шминкаме и носиме чевли со високи потпетици. Жените треба да ја сакаат својата женственост. Ако носиш штикли и кармин, тоа не е само заради мажите, туку и за твојата самодоверба“ – изјавила Моника во интервјуто за списанието.







