Моника Белучи моментално престојува во Франција по повод Париската недела на високата мода.
54-годишната актерка беше гостинка на вечерата „Diner De La Mode“ во Градот на светлината, каде се појави во црна комбинација со ефектни златни детали.
Елегантното палто, кое е дело на модната куќа Шанел, шарматната Италијанка го искомбинира со црни чизми со црвен ѓон од Кристијан Лобутин, црна чантичка и накит од Картие.









На вечерата Белучи позираше и со Лобутин, кој слободно може да се каже дека ѝ е омилен дизајнер на обувки.


