Безвременската убавица Моника Белучи изминатиов период активно го промовираше филмот „Spectre“. 51-годишната актерка патуваше низ светот заедно со филмската екипа за најдобро да ѝ ја претстават на јавноста новата авантура на Џејмс Бонд.
Париз, Лондон, Рим, Мадрид и Мексико Сити се само дел од градовите кои ги посети Белучи, во придружба на Даниел Крег, Леа Сејду и Наоми Харис.
Врвни модни куќи како Долче и Габана, Азедин Алаја, Ралф и Русо, Александар Воте, Салваторе Ферагамо и Ланвин ја облекуваа сексапилната Италијанка за прикажувањата на филмот, прес-конференциите и гостувањата во телевизиските емисии.
Прошетајте со поглед низ модниот маратон на прекрасната „Бонд дама“.
Париз



Њујорк



Лондон





Мексико сити






Рим






Мадрид






