Мајли Сајрус одамна ја остави зад себе „Хана Монтана“ и редовно покажува посексапилен и посмел имиџ на сцената. На последниот настап, 20-годишната пејачка се појави во кратка маичка која го отскри нејзиното деколте и тесни панталони кои не ја истакнаа на привлечен начин нејзината разголена половина.
Мајли настапи во Холивуд заедно со DJ Borgore со нивната песна „Decisions“, додека две топлес танчарки танцуваа на стриптизерски шипки.
Поранешната ѕвезда на Дизни во моментов го подготвува својот нов музички албум. „Многу сум горда со албумот. Тој ми е најомиленото нешто што сум го направила кога било“ – изјавила таа.
Погледнете и видео од настапот: