Како заштитно лице на L’Oreal, Блејк Лајвли организираше забава за промовирање на нова линија производи на козметичкиот гигант. 29-годишната ѕвезда од серијата „Gossip Girl“ беше придружувана од својата мајка Елејн и сестра си Робин.
На фотографиите, шармантната сопруга на Рајан Рејнолдс зрачи со позитивна енергија облечена во романтично фустанче со срца од SemSem.







45-годишната Робин за настанот избра комбинезон од Rhea Costa.


По повод Денот на вљубените, покрај облеката и фризурата на Блејк беше во форма на срце.








