Роби Вилијамс и Ајда Филд присуствуваа на настан организиран по повод претстојното доделување на наградите Златен глобус.
На црвениот тепих во Беверли Хилс, 50-годишниот пејач и неговата 45-годишна сопруга изгледаа модерно во координирани стајлинзи со костуми.
Роби носеше розов костум и црни обувки, додека Ајда за оваа пригода избра бежов костум, кој го надополни со складни салонки и бела чантичка од Диор.
Парот си размени неколку бакнежи пред насобраните фоторепортери.
Роби и Ајда се заедно од 2006 година, а стапија во брак во август 2010 година. Тие имаат четири деца, од кои две се родени од сурогат-мајка.