Изабел Голарт го прифати предлогот за брак на Кевин Трап. Убавата Бразилка сподели дека славниот голман ја побарал за жена со видео во кое го покажува блескавиот прстен.
Видео
33-годишниот модел, кој редовно соработува со Victoria's Secret, на Instagram напиша: „Наскоро г-ѓа Трап. Кога ќе го сретнеш оној што ти го менува животот во секоја смисла, тогаш си сигурна дека е вистинскиот! Кевин Трап, те сакам!“
Изабел и Кевин се во врска од 2016 година.