Изабел Голарт и Кевин Трап беа гости на роденденската прослава на Нејмар. 34-годишната Бразилка изгледаше атрактивно додека позираше и се забавуваше со 28-годишниот фудбалер и неговите колеги.
Делумно проѕирната креација со разголен грб доаѓа од колекцијата пролет/лето 2019 на Џулиен Мекдоналд.
Изабел и Кевин се верија во јули минатата година.
На прославата за 27-миот роденден, Нејмар поради повреда се појави со патерици. Тој одржа говор во кој со солзи во очите изјави дека како роденденски подарок најмногу сакал да добие нова метатарзална коска.
A tearful Neymar didn’t get the birthday present he wanted pic.twitter.com/JW5Gm6kAAP
— ESPN UK (@ESPNUK) February 5, 2019