Изабел Голарт го изненади својот свршеник Кевин Трап со роденденска забава на Миконос.
На нивната омилена дестинација во Грција, заљубените партнери го славеа неговиот 30. роденден заедно со пријатели во хотелот „Cavo Tagoo“. 35-годишната Бразилка беше облечена во бела комбинација со здолниште со шлиц.
Изабел сподели видео во кое се фрла во прегратката на германскиот фудбалер и со бакнеж му посакува „Среќен роденден“.
Видеа
Тие неколкупати беа фотографирани и од папараците. На дел од фотографиите, Изабел изгледа фантастично во бели бикини.
Изабел и Кевин се свршија во летото 2018 година. Тие се заедно од 2016 година.