Изабел Голарт секогаш привлекува внимание со своето феноменално тело, па никогаш не останува незабележана од папараците кога ќе се соблече по бикини.
И ова лето, 32-годишниот модел на Victoria’s Secret и нејзиното момче Кевин Трап ја одведоа својата романса на Ибица. Атрактивниот пар беше фотографиран на плажа додека играше тенис и се сончаше.
Изабел сподели и неколку фотографии и видео од егзотичното патување.
По завршувањето на летниот одмор, Изабел и Кевин одлетаа во Франција за да го проследат мечот на Ролан Гарос меѓу Рафаел Надал и Стен Вавринка. Познатата Бразилка привлекуваше погледи во комбинација од колекцијата пролет/лето 2017 на Alaia.