Долгоочекуваниот филм „Сексот и градот 2“ завчера ја доживеа својата премиера во Њујорк.
Во долг светложолт фустан Сара Џесика Паркер го грабна вниманието на новинарите и стотиците обожаватели кои се собраа пред Radio City Music Hall во Њујорк. Нејзината нежна тоалета го носеше дизајнерското име Valentino.
Ким Катрал, Кристен Дејвис и Синтија Никсон не оставија простор за сомнеж дека токму тие се најсоодветните актерки за улогите на Саманта, Шарлот и Миранда. Четирите ѕвезди покажаа дека годините не се пречка за следење на модата и за добар изглед.
Ким Катрал за свечената премиера избра златно-зелена тоалета на Naeem Khan, а Синтија Никсон долга тоалета на Carolina Herrera во класична безбедна црна боја. Романтичната Кристен Дејвис блескаше во тоалета на брендот Jean Desses.
Иако „Сексот и градот“ најчесто се асоцира со мода, Сара Џесика Паркер пред премиерата изјавила дека новото продолжение е за многу повеќе отколку само за мода.
“
Не можете вечно да се држите за модата. Мислам дека луѓето сакаат суштинска приказна која им значи нешто, без разлика дали се поврзуваат со неа или не, и сакаат да ги слушнат жените да зборуваат и за нешта кои им се важни, не само за нивната желба да носат убав фустан.
Додека Синтија и Ким решија да не го променат својот аутфит за забавата по повод премиерата, Сара Џесика и Кристен Дејвис ги фрлија светлите тоалети и се појавија по вечерни гламурозни фустани. За афтерпартито Сара Џесика Паркер му се довери на либанскиот дизајнер Ели Сааб, а Кристен на софистицираниот бренд Balmain.
Освен жените, очите на јавноста ги привлекоа и двајцата мажи на Кери Бредшоу – фамозниот Џон Џејмс Престон (Г-н Ѕверка) и Џон Корбет (Ејдан).