Миранда Кер пленеше на хуманитарната гала Baby2Baby во Вест Холивуд.
На свеченоста, 41-годишната манекенка изгледаше фантастично во гламурозна креација со пердуви само осум месеци по раѓањето на четвртото дете.
Розовиот фустан доаѓа од ателјето на Памела Роланд.
Кер беше придружувана од сопругот Еван Спигел, кој е татко на три од нејзините синчиња. Синот Харт се роди во 2018 година, Мајлс во 2019, додека Пјер во февруари оваа година.
Миранда има и 13-годишен син од бракот со Орландо Блум.