Миранда Кер и Еван Спигел имаат добар повод за славење. 33-годишната манекенка го прифати предлогот за брак на 26-годишниот основач на Snapchat.
Среќната вест ја потврди претставник на Спигел за Daily Mail. „Тие се екстремно среќни“ –изјавил тој.

Исто така, Миранда си сподели на Instagram фотографија од прстенот.

Убавата Австралијка и познатиот милијардер ја започнаа својата врска во јуни минатата година.
„Тој има 25 години, но се однесува како да има 50. Не излегува да се забавува. Ние повеќе сакаме да остануваме дома, да вечераме и да си легнеме рано. Но на некој начин, тој се однесува и како млад маж. Ви кажувам, го имам најдоброто од двата светови“ – изјавила Кер во интервју за „The Edit“.



Ова ќе биде втор брак за Кер, која претходно беше во брак со Орландо Блум. Миранда и Орландо заедно имаат едно дете – петгодишниот син Флин.
„Јас и мојот поранешен сопруг одлучивме дека треба да ја знаеме личноста шест месеци пред да ја запознаеме со Флин. Еван се запозна со Флин и нештата се одлични. Орландо смета дека Еван е супер. Ние сме модерно семејство сега“ – вели Миранда.


