Миранда Кер е повторно бремена. Поранешниот ангел на Victoria’s Secret го очекува своето второ дете со Еван Спигел.
Само 10 месеци по раѓањето на синчето Харт, 35-годишната Австралијка објави дека повторно е во блажена состојба. Миранда има и 8-годишен син, кој се вика Флин, од бракот со Орландо Блум.
„Миранда, Еван, Флин и Харт со нетрпение го очекуваат доаѓањето на најновиот член во нивното семејство“ – изјавил официјален претставник на Кер.
Миранда и Еван, кој е основач на Snapchat, стапија во брак во мај 2017 година.