Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мили Боби Браун им возврати сите кои ја критикуваат што се облекува како да е повозрасна од своите години

Мили Боби Браун им возврати сите кои ја критикуваат што се облекува како да е повозрасна од своите години

Мили Боби Браун во изминатиов период активно го промовира својот нов филм „Electric State“.

На премиерите во различните држави, 21-годишната актерка изгледаше одлично во прекрасни креации кои ја истакнуваа нејзината фигура. Но, и покрај тоа, таа доби критики и забелешки, не само од интернет троловите, туку и од автори на медиумски содржини. Имаше наслови во кои стоеше дека таа се облекува како да е многу повозрасна од своите години и дека ја помешале со нечија мајка.

Мили Боби Браун Мили Боби Браун Мили Боби Браун Мили Боби Браун

Мили не остана рамнодушна на бројните наслови за нејзиниот изглед и сними видео со кое им возврати на критичарите кои „очекуваат да изгледа како во првата сезона од „Stranger Things“.

Сакам да издвојам момент да се осврнам на нешто што мислам дека е поголемо од мене, нешто што влијае на секоја млада жена која расте под будното око на јавноста. Мислам дека е неопходно да се зборува за ова. Започнав во оваа индустрија кога имав 10 години. Пораснав пред светот и поради некоја причина, луѓето не можат да пораснат со мене. Наместо тоа, се однесуваат како да треба да останам замрзната во времето, како да треба сè уште да изгледам онака како што изгледав во првата сезона од „Stranger Things“. И бидејќи не изгледам така, сега сум мета.

Ајде да зборуваме за статиите, насловите, авторите кои се толку очајни да ги растргнат младите жени.

„Зошто генерацијата Z како Мили Боби Браун старее толку лошо?“ од Лидија Хокен.

„Што има направено Мили Боби Браун со нејзиното лице?“ од Џон Илај.

„Мили Боби Браун помешана за нечија мајка додека ја води помладата сестра Ава низ Лос Анџелес“ од Кејси Карпентер.

„Мет Лукас дивјачки го критикува новиот изглед на Мили Боби Браун за ‘преобразбата во мајка’“ - напишано од Бетан Едвардс, засилувајќи ја навредата наместо да се запраша зошто возрасен маж го исмева изгледот на една млада жена.

Ова не е новинарство. Ова е малтретирање. Вознемирувачки е фактот што возрасните автори го трошат своето време секцирајќи ги моето лице, моето тело, моите избори. Уште полошо е дека некои од овие написи се напишани од жени.

Секогаш зборуваме за поддржување и охрабрување на младите жени, но кога ќе дојде време, се чини полесно да ги срушиме за кликови. Разочарани луѓе не можат да поднесат да видат како девојка станува жена според нејзините услови, а не нивните. Одбивам да се извинам што пораснав. Одбивам да се направам помала за да се вклопам во нереалните очекувања на луѓето, кои не можат да поднесат да гледаат како девојка станува жена. Нема да се срамам поради тоа како изгледам, како се облекувам или како се претставувам.

Станавме општество во коешто е многу полесно да се критикува отколку да се даде комплимент. Зошто е автоматска реакција да се каже нешто ужасно отколку да се каже нешто љубезно? Ако имате проблем со тоа, морам да прашам – што е тоа што всушност прави да ви е неудобно? Да бидеме подобри. Не само за мене, туку и за секоја млада девојка која заслужува да порасне без страв дека ќе биде растргната затоа што едноставно постои.

@milliebobbybrownraeeee #foryou #foryoupagе #fyp #pourtoi #pourtoii #pourtoiii #pourtoipage #milliebobbybrown #florencebymills ♬ son original - Millie Bobby Brown

По објавувањето на видеото, Мили одушеви со нови изгледи на промотивни настани, а Мет Лукас ѝ се извини што неговите зборови биле извадени од контекст.

Мили Боби Браун Мили Боби Браун Мили Боби Браун Мили Боби Браун Мили Боби Браун Мили Боби Браун Мили Боби Браун Мили Боби Браун

Еве како изгледаше Мили на премиерите на „Stranger Things“ пред неколку години:

Мили Боби Браун Мили Боби Браун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23662 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.