Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ми недостигаш“: Џенифер Анистон и Кортни Кокс со објави на годишнината од смртта на Метју Пери

„Ми недостигаш“: Џенифер Анистон и Кортни Кокс со објави на годишнината од смртта на Метју Пери

Помина една година од смртта на Метју Пери.

Неговите колешки од хит-серијата „Пријатели“ не останаа рамнодушни на овој тежок за нив ден. Џенифер Анистон и Кортни Кокс споделија фотографии со актерот за да му оддадат почит.

55-годишната актерка, која ја имаше улогата на Рејчел во серијата, објави албум на Instagram и напиша: „1 година“ со емотикон рането срце.

Метју Пери Метју Пери Метју Пери Метју Пери

60-годишната Кокс, која ја глумеше Моника, напиша: „Ми недостигаш денес и засекогаш“.

Метју Пери Метју Пери

Метју почина на 28 октомври минатата година. Тој беше пронајден мртов во џакузи, а подоцна се дозна дека причината за смртта била „акутен ефект на кетамин“. Уапсени беа пет лица кои го снабдувале Пери со лековите кои ја предизвикале неговата смрт.

Метју Пери Метју Пери Метју Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22440 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.