Еден месец по стапувањето во брак, Метју Меконахи објави дека Камила е бремена со нивното трето дете.
„Среќен роденден Америка, имам уште добри вести, јас и Камила го очекуваме нашето трето дете“ – напиша Метју на Twitter на Денот на независноста на САД.
Парот, кој направи свадба на 9 јуни во својот дом во Тексас, има две деца – двегодишната ќерка Вида и четиригодишниот син Леви.
На свадбената церемонија им било поставено прашањето за тоа кои се нивните желби за иднината, а тие одговориле: „Повеќе од истото – и поголемо семејство!“.