Меган Фокс им го претстави две и пол месечното синче на своите обожаватели на Instagram.
30-годишната актерка, која е мајка на три момчиња, сподели слатка селфи фотографија на која лежи на кревет заедно со малиот Џурни Ривер Грин.

Неодамна Меган беше фотографирана на плац со тикви во Малибу, Калифорнија, со сопругот Брајан Остин Грин, 4-годишниот Ноа и 2-годишниот Боди. Убавата Американка го носеше во кенгур своето бебенце.





Меган и Брајан се разделија во август 2015 година, а неколку дена подоцна Меган поднесе документи за развод. Сепак, по веста за бременоста тие одлучија да останат заедно.


Холивудските ѕвезди ја започнаа својата врска во 2004 година, а во јуни 2010 година стапија во брак на плажа на Хаваи.
