Иако вчера се појавија различни гласини за тоа дека Меган Фокс била отпуштена од третото продолжение на филмот Трансформерс, денес приказната се менува во друга насока.
Претставник на 24-годишната Фокс за списанието People потврдил дека таа нема да учествува во новото продолжение, но изјавил и дека тоа е нејзина одлука, а не одлука на режисерот Мајкл Беј или продукцијата што стои зад филмот, како што беше намекнато вчера.
“
Меган Фокс нема да учествува во Трансформерс 3. Нејзина беше одлуката да не се врати.
Трансформерс од 2007 до 2009 година оствари заработка од 1,5 милијарди долари и тој беше филмот кој ја лансира Меган Фокс во Холивуд.
Новиот филм ќе започне да се снима во наредните месеци, а премиерата е закажана за 1 јули 2011 година.
Фокс во моментов се подготвува за премиерата на акцијата Jonah Hex, чијашто премиера треба да биде на 18 јуни.