Меган Фокс и Машин Ган Кели го очекуваат првото заедничко дете. Славната актерка откри дека е бремена со своето четврто дете преку објава на Instagram.
38-годишната филмска ѕвезда го покажа трудничкото стомаче позирајќи прекриена со црна маслена боја. На втората фотографија од објавата таа држи позитивен тест за бременост.
„Ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад“ – напиша Меган во описот, алудирајќи на бебенцето кое го изгуби поради спонтан абортус.
Фокс за првпат прозборува за абортусот во 2023 година. „Никогаш не сум поминала низ ништо такво во животот. Беше многу тешко за двајцата и тоа нè испрати на многу диво патување, заедно и одделно... обидувајќи се да сфатиме ‘Што значи ова?’ и ‘Зошто се случи ова?’“ – изјави тогаш Меган.
Меган и 34-годишниот музичар се верија во 2022 година. Потоа кратко раскинаа, но ја обновија врската.
Меган има уште три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Тие се разделија во 2020 година, а по кратко време Фокс ја започна врската со Машин Ган Кели.
Кели, чие вистинско име е Колсон Бекер, има 15-годишна ќерка од преходна врска.