Меган Маркл присуствуваше на настан во Лос Анџелес без принцот Хари.
43-годишната поранешна актерка се сретна со млади фанови на галата организирана од Детската болница во Лос Анџелес, чија цел е создавање на поздрава иднина за децата.
Меган привлекуваше внимание во црвена креација со длабоко деколте од Каролина Ерера.
Истиот фустан таа го има носено и во 2021 година во малку поразлична верзија.
Таа позираше со својата пријателка Кели Меки.
„Работата што ја вршат во Детската болница Л.А. е како од друг свет. Од мојата гледна точка, како на мајка, никој не сака да биде во таа позиција, но ако морате, најдоброто место во светот на кое можете да одете би била Детската болница Л.А.“ – рекла Меган.
Принцот Хари е на турнеја во Јужноафриканската Република и поради тоа не ја придружуваше својата сопруга на настанот.