Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Мајко моја златна“: Игор Џамбазов со емотивна порака на 27-годишнината од смртта на мајка му Анче

„Мајко моја златна“: Игор Џамбазов со емотивна порака на 27-годишнината од смртта на мајка му Анче

Игор Џамбазов никогаш нема да престане да тагува за загубата на родителите. Македонскиот актер и шоумен напиша емотивна порака за 27-годишнината од смртта на неговата мајка Анче.

Тој објави фотографија од Анче и напиша:

„Мајко моја златна.“

„Дваесет и седум години поминаа, а ти сè уште си присутна, те спомнувам секојдневно и не престануваш да ме инспирираш. Се надевам дека се најдовте со тато, оти тој препека по тебе дур беше жив. Јас сум добар, да не ме мислиш...“

На профилот „Бардовите на македонското глумиште“ на Facebook, објавен беше пост во чест на Анче.

Поминаа 27 тажни и празни години без нашата прекрасна Анче.

На денешен ден пред 27 години нè напушти засекогаш!

Беше особена, даровита глумица.

По многу што - своја. Сепак како од шега, и без ниту малку гнев го носеше „товарот" на ќерка на легендата на македонското глумиште, Петре Прличко... мајка пак на еден од нашите најдаровити актери, Игор Џамбазов. "Притисната" меѓу нив долги години во својот МНТ ги живееше своите плодни актерски години. Без многу врева околу неа. Беше тивка, и со годините се помудра. Анче Џамбазова сиот живот го мина на сцената...а од животот никогаш не правеше театар. Така и замина, тивко и без театралност. А сепак како вистинска, длабоко во душата единствено и само - глумица!

Игор пред две години се збогува и со неговиот татко Александар Џамбазов. „Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години...од денес, конечно со својата Анче...вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој...“ – напиша Игор по неговата смрт во 2022 година.

Игор Џамбазов Игор Џамбазов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20991 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.