Како искусни „домаќини“, Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски и годинава ја предводеа манифестацијата „Макфест“. Водителското дуо глатко ѝ помагаше на публиката да навигира од песна до песна и да дознае кои се најдобрите кои ќе ги видиме и вечерва заедно со повеќе истакнати македонски артисти.
Марјана шармираше на сцената во црвено-бежова креација која асоцираше на фасцинантни корали додека Димитар носеше отмено сино одело со суптилен кариран дезен.
„Макфест претставува јадро на музичката поп-култура во Македонија која со себе носи најсвежи вибрации на современата македонска музика“ – рекоа тие во најавниот говор.
„Макфест 2024“ ќе биде со ревијален карактер, односно нема да има доделување на награди.
Фото: Тоши Трајчев / Femina.mk