Андреа Белеска ужива во првата бременост. Македонската ракометарка и Мартин Филиповски од Next Time со нетрпение го очекуваат новиот член на нивното семејство.
Белеска позираше со пораснатото стомаче во 9-тиот месец од бременоста и заедно со Мартин споделија фотографии на социјалните мрежи.
„Речиси крајот на почетокот“ – напиша Андреа и постот го надополни со хаштаг #9месеци.
Андреа и Мартин стапија во брак во јуни минатата година.