Синоќа, во Лос Анџелес се одржа MTV Movie & TV Awards: Greatest of All Time.
На долгоочекуваниот црвен тепих, Меди Зиглер зачекори во невообичаен црн костум. 18-годишната девојка, која се прослави со својата улога во спотовите на Сиа, додели една од наградите на настанот во Лос Анџелес.
„Благодарам MTV што ме извадивте од тренерките“ – напиша Меди, на која ова ѝ е прво појавување на свеченост од почетокот на пандемијата.
Меди стекна светска слава откако се појави во спотовите за „Chandelier“ и „Elastic Heart“. Во 2015, 2016 и 2017 година, таа се најде на листата на „30 највлијателни тинејџери“ на Time.
Зиглер е една од ѕвездите во претстојниот филм на Сиа, насловен „Music“.