Калиопи приреди вистински музички спектакл во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонската дива одржа незаборавен концерт на кој сите присутни пееја во еден глас и уживаа во моќните изведби на талентираната пејачка. На сцената, додека ја изведуваше песната „Бато“, нејзе ѝ се придружи поранешниот сопруг и долгогодишен соработник, Ромео Грил.
Калиопи сподели видеа и фотографии од спектаклот и напиша:
„Скопје… Сè уште сум опиена од вашата енергија и љубов… Копнежот си го стори своето и за момент ми се причини дека и арената стана премала за нас… Каква величествена ноќ… Фала ви, убави мои! Бескрајно сум ви благодарна… Ваша, засекогаш, Калиопи“.
@kaliopi_official Скопје…Сеуште сум опиена од вашата енергија и љубов… Копнежот си го стори своето и за момент ми се причини дека и арената стана премала за нас…Каква величествена ноќ…Фала ви, убави мои! Бескрајно сум ви благодарна… Ваша, засекогаш Калиопи #Kaliopi #kaliopimusic #koncert #live #skopje #19october #singer #song #for #foryoupage #fypp #fypシ゚ #forupage #viral_video #viralvideos #tiktokviral #balkan #balkantiktok #balkanmusic #audience #love #grateful #thankyou ♬ original sound - Kaliopi
Од дискографската куќа Pragma Music Entertainment споделија албум со фотографии на Instagram, а Калиопи им се заблагодари за беспрекорната организација на нивниот „заеднички бисер“.