Македонија ќе прескокне уште едно издание на Евровизија. Нашата земја нема да учествува на европскиот музички натпревар и следната 2025 година.
Националната телевизија МРТВ го објави буџетот за 2025 година и таму не се предвидени средства за учество на Евровизија. Ова е трета година по ред да не испратиме наш претставник.
МРТВ продолжува да обезбедува учество на нашата земја на детската Евровизија, бидејќи за ова натпреварување не се потребни големи финансиски средства.
Андреа Коевска беше нашата последна претставничка во 2022 година.