Магичната свадба на блогерката Кијара Ферањи и пејачот Федез е една од најозборуваните забавни теми деновиве.
31-годишната блогерка и 28-годишниот пејач се венчаа пред два дена на Сицилија. Списанието „Вог“ објави фотографии од свадбениот албум на популарната модна зависничка, која на свадбениот ден промени три Диор фустани.
Венчаницата која Кијара ја носеше за разменувањето на заветите е дело на Марија Грација Киури, а била изработувана 1.600 часови.
И петмесечното синче на парот, Леоне, беше присутно на венчавката. Ѕирнете како течеше свеченоста: