Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Лузните се доказ колку силно се борев“: Оливија Ман ја покажа лузната од мастектомијата поради рак на дојка

„Лузните се доказ колку силно се борев“: Оливија Ман ја покажа лузната од мастектомијата поради рак на дојка

Оливија Ман повеќе не се чувства несигурно и неудобно во сопственото тело по борбата со ракот на дојка.

44-годишната актерка позираше топлес и ја покажа лузната на левата града од мастектомијата која ја направи минатата година. Фотографиите се дел од кампања за SKIMS, брендот на Ким Кардашијан, кој ќе донира 10% од секој продаден градник за Фондацијата за рак на дојка „Susan G. Komen“.

Оливија Ман Оливија Ман

„За време на снимањето на најновата кампања за SKIMS, одлучив дека повеќе нема да се чувствувам неудобно поради моите лузни од мастектомијата. Секој белег кој го оставил животот на моето тело е доказ колку силно се борев. Се надевам дека другите жени, кои се несигурни поради нивните лузни, ќе ги видат овие фотографии и ќе ја почувствуваат целата љубов која им ја испраќам.“

„Навистина е значајно за мене што сум дел од иницијатива која поддржува истражувања и им помага на безброј индивидуи засегнати од ракот на дојка“ – напиша Оливија.

Оливија Ман Оливија Ман Оливија Ман Оливија Ман Оливија Ман Оливија Ман

Лошата дијагноза, актерката од „X-Men: Apocalypse“ ја добила во февруари 2023 и оттогаш помина низ 4 операции, меѓу кои и двојна мастектомија.

Оливија е мајка на две деца. Таа и комедијантот Џон Малејни го добија синот Малком во 2021 година, а пред еден месец добија ќерка со помош на сурогат-мајка.

Оливија Ман Оливија Ман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20991 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.