Лионел Меси се закити со наградата „Forward of the Year“ од УЕФА. Признанието за најдобар напаѓач нему му беше доделено на гала-вечер во Монако.
На црвениот тепих, успешниот фудбалер пристигна со сопругата Антонела Рокуцо.
31-годишната Аргентинка шармираше во црно-златна креација со шлиц.
Лионел и Антонела стапија во брак во 2017 година, а се познаваат од 5-годишна возраст. Парот има три мали деца.
На доделувањето на наградите, Меси седеше до Кристијано Роналдо.