Линдзи Лохан била уапсена додека излегувала од својот хотел, бидејќи наводно удрила пешак со својот автомобил и заминала.
Додека паркирала пред хотел во Менхетен, проблематичната актерка потчукнала пешак во коленото. Инцидентот се случил околу полноќ. Некој од сопатниците излегол да види дали автомобилот е оштетен, а потоа заедно со Линдзи влегле во хотелот.
Според TMZ, некој повикал полиција и Линдзи била приведена откако го напуштила хотелот.
Пешакот немал видливи повреди, но сепак бил однесен во болница.
Линдзи им кажала на свои пријатели дека воопшто не знаела дека удрила пешак. Таа изразила сомневање дека некој се обидува неправедно да ја обвини.
Безбедносните камери покажале дека автомобилот на Линдзи се приближил до пешакот, но не е јасно дали имало контакт.
Ваквиот инцидент може да ѝ направи големи проблеми на Лохан, затоа што со ова дело таа ја прекршува условната казна.
Линдзи не завршува за првпат со лисици на рацете. Таа дури и помина одредено време в затвор во 2010 година.