Лили Ален стана мајка на девојче. Иако информацијата не е потврдена од самата пејачка, странските медиуми се сигурни дека Лили и нејзиниот сопруг Сем Купер го добија своето долгопосакувано дете.
Раѓањето на малото девојче е особено среќна вест за парот затоа што Лили неодамна трагично го изгуби нивното неродено бебе. Минатиот ноември младата пејачка го изгуби бебето од Сем во шестиот месец од бременоста.
Тоа беше втор спонтан абортус за Лили, која во 2008 година во четвртиот месец од бременоста го изгуби бебето што го очекуваше со нејзиното тогашно момче, Ед Симонс од The Chemical Brothers.
Веста за раѓањето на девојчето на Twitter ја обелодени близок пријател и бивши партнер на Лили, Себ Чу, кој напиша: „Испраќам љубов до Лили, Сем и мини Купер... YES“.
Лили ја објави веста за бременоста на нејзиниот свадбен ден во јуни.