Лили Ален наскоро ќе стане невеста. Младата пејачка за Божиќ доби свршенички прстен од нејзиното момче Сем Купер.
Сем ја побарал Лили за жена на зајдисонце на балконот на апартман со поглед кон Индискиот Океан.
Предлогот за брак доаѓа само неколку недели откако Лили го изгуби бебето во шестиот месец од бременоста.
„Изминатиот период беше ужасен период за Сем и Лили, но тие се сосема заљубени еден во друг“ – изјавил пријател на среќниот пар.
Лили и Сем се заедно од јули 2009 година и таа честопати го има опишувано Сем со зборовите „љубовта на мојот живот“.