Лејтон Мистер и Адам Броди веќе размислуваат да застанат пред олтар. Ѕвездата од „Gossip Girl“ го прифати предлогот за брак на ѕвездата од „The O.C.“.
27-годишната Мистер, позната по улогата на Блер Волдорф, и 33-годишниот Броди се во врска помалку од една година. И двајцата даваат максимум за да го зачуваат приватниот живот подалеку од медиумите.
Лејтон и Адам глумеа заедно во „The Oranges“, а ќе соработуваат и за филмот „Life Partners“, чија премиера е закажана за следната година.