Лејди Гага втора година по ред ја добива титулата Најхумана славна личност. Организацијата DoSomething.org ја постави познатата контроверзна пејачка на врвот на својата листа „Celebs Gone Good“, затоа што Гага најмногу го користи својот селебрити статус за добротворни цели.
Ексцентричната Лејди Гага оваа година активно ја поддржуваше кампањата против насилството во училиштата, а го најави и создавањето на фондацијата „Born This Way“. Гага создаде и кармин за потпомагање на хуманитарната организација на MAC. 100% од продажбите на овој кармин ќе одат во фондацијата MAC AIDS.
Џастин Бибер, кој ја основа организацијата „Believe Charity Drive“, се најде на второто место на листата,. Преку неа тој собира средства за најразлични хуманитарни организации. Дополнително, тој ги поттикнува неговите обожаватели да се вклучат во кампањата „Schools 4 All“ за изградба на нови училишта.
На третото место е Џорџ Клуни, кој се бори за заштита на човековите права во Судан, а на четвртото место се Вил и Џејда Смит, кои преку своја фондација подржуваат различни проекти поврзани со образованието.
„Celebs Gone Good“ за 2011
- Лејди Гага
- Џастин Бибер
- Џорџ Клуни
- Вил Смит и Џејда Пинкет Смит
- Леонардо Дикаприо
- Мет Дејмон
- Елен Деџенерис
- Бред Пит и Анџелина Џоли
- Двајт Хауард
- Деми Ловато
- Шакира
- Ештон Кучер и Деми Мур
- Вил Ај Ем
- Блејк Шелтон и Миранда Ламберт
- Ник Канон
- Леа Мишел
- Даниел Редклиф
- Мајли Сајрус
- Coldplay
- Тејлор Свифт