Лејди Гага беше ѕвездата на вчерашното доделување на Европските музички награди на MTV. Нејзиниот хит „Born This Way“ доби две награди – Најдобра песна и Најдобар спот.
„Уште кога ја напишав, знаев дека оваа песна е многу специјална“ – изјави Гага на сцената додека ја примаше наградата.
Лејди Гага уште беше прогласена и за Најдобар женски изведувач, победувајќи ги Адел, Бијонсе, Џенифер Лопез и Кети Пери. Гага ја освои и наградата во новата категорија, Најголеми обожаватели (Biggest Fans).
„Навистина се смеам сега, но вие не можете да видите“ – изјавила познатата пејачка, облечена во чудна сателитска креација.
Џастин Бибер, Бруно Марс и „30 Seconds to Mars“ освоија по две награди. Бибер ги победи Бритни Спирс, Лејди Гага, Кети Пери и Ријана за да ја присвои наградата за Најдобар поп изведувач. Освен тоа, Бибер беше прогласен и за Најдобар машки изведувач, оставајќи ги зад себе Бруно Марс, Еминем, Дејвид Гета и Кание Вест.
Меѓу останатите победници се најдоа Еминем (Најдобар хип-хоп изведувач), Кети Пети (Најдобар изведувач во живо) и легендарните Queen (Глобална икона). Свечениот настан се одржа во Белфаст, а водителка беше Селена Гомез, која е најмладата водителка во историјата на MTV EMA.
Еве ја целосната листа на победници:
MTV European Music Awards 2011
Best Female: Лејди Гага
Best Male: Џастин Бибер
Best Pop: Џастин Бибер
Best Song: Лејди Гага – „Born This Way“
Best Rock: Linkin Park
Best Video: Лејди Гага – „Born This Way“
Biggest Fans: Лејди Гага
Best Alternative: 30 Seconds to Mars
Best Hip Hop: Еминем
Best World Stage: 30 Seconds to Mars
Best Push: Бруно Марс
Best New: Бруно Марс
Global Icon: Queen
Best North American Act: Бритни Спирс
Best Worldwide: Big Bang