Селена Гомез одлично се справи со улогата на водителка на синоќешното доделување на Европските музички награди на MTV, кое се одржа во Белфаст. 19-годишната пејачка со голема насмевка и весел дух ја воодушевуваше публиката со секое свое излегување на сцената.
Селена успеа да се пресоблече осум пати и со секој аутфит да предизвика силни аплаузи. Иако нејзиното момче Џастин Бибер во моментов се соочува со тужба од 20-годишна која го обвинува дека е татко на нејзиното бебе, младата Гомез не покажа ниту малку загриженост или нервоза пред многубројната публика.
Погледнете во какви креации Селена ја разубави сцената: