Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага е музичарка со најголема заработка за 2011

Лејди Гага е музичарка со најголема заработка за 2011

Форбс ја прогласи Лејди Гага за музичарка со најголема заработка за изминатава година. Иако Лејди Гага, Тејлор Свифт и Кети Пери ја губат битката од Адел кога е во прашање изборот на песна или албум на годината, тие се на врвот на листата на жени во музиката со најголема заработка, додека Адел е на деветтото место.

Лејди Гага, Тејлор Свифт и Кети ПериЛејди Гага, Тејлор Свифт и Кети Пери

Со заработени 90 милиони долари Лејди Гага е на чело на листата. Огромната заработка Гага ја оствари благодарение на профитабилната турнеја и продажбите на нејзиниот албум „Born This Way“. Од 45 концерти „Мајката Чудовиште“ заработила 72 милиони долари.

Тејлор Свифт се најде на второто место со двојно помала заработка од Лејди Гага, а третото место ѝ припадна на Кети Пери која заработила 44 милиони долари.

Четвртото место го зазеде Бијонсе со остварена заработка од 35 милиони долари. Зад неа останаа Ријана, Пинк, Кери Андервуд, Селин Дион, Адел и Бритни Спирс.

И покрај големиот успех на овие музичарки, само пет од нив се најдоа на листата на Топ 25 музичари со најголема заработувачка, која вклучува 13 машки соло изведувачи и 7 бендови (од нив само The Black Eyed Peas има женски член).

Музичари со најголема заработка се мегапопуларните U2.

Музичарки со најголема заработувачка за 2011

Лејди Гага – 90 милиони долари
Тејлор Свифт – 45 милиони долари
Кети Пери – 44 милиони долари
Бијонсе – 35 милиони долари
Ријана – 29 милиони долари
Пинк – 22 милиони долари
Кери Андервуд – 20 милиони долари
Селин Дион – 19 милиони долари
Адел – 18 милиони долари
Бритни Спирс – 10 милиони долари

Алиша Кис – 10 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.